ВМРО-ДПМНЕ: Заев почна да се заканува и по независни тела

Од:

„Однародената и криминална власт предводена од Зоран Заев, единствениот политичар аболициран за тежок криминал, почна да се заканува и по независни тела кои одлучуваат врз основа на факти и не ги прифаќаат политичките нарачки за прогон на сите неистомисленици на антидржавните политики со кои се растура Македонија.

Не постои поголем апсурд и поголем доказ за забеганоста на аболицираниот Заев од јавно изразената намера да менува комисијата назначена од Собранието на Р. Македонија само заради тоа што не сака да се приклучи во политички инструментализираниот прогон на секој што мисли поинаку од однародената и криминогена власт.

Во Македонија нема повеќе ниту право, ниту правдина со судство кое е комплетно под чизмата на аболицираниот Зоран Заев.

Реакцијата на СДСМ, на мислењето на Комисијата за заштита од дискриминација е најголемата потврда дека помирувањето на Зоран Заев е уште една негова лага по која што посегнува само во моменти кога му треба поддршка за неговите антимакедонски политики.

Целокупната јавност виде дека процесот кој што се водеше против Никола Груевски беше политички нарачан и политички воден. Пресудата беше јасна уште од самиот почеток, а фактите, доказите и законот беа целосно игнорирани.

Правосудните органи се целосно поклопени од страна на криминогената власт. Правосудните органи постапуваат исклучиво како што ќе им нареди аболицираниот Зоран Заев. Нема подобра потврда за тоа од процесот во кој што сите видоа како Зоран Заев бара поткуп од „едно евро за Вице, едно евро за црквата“, а само контролираниот и клиентелистички суд не го виде тоа.

Аболицираниот Зоран Заев и криминогената власт нема да може вечно да ја користат моќта и заканите. Институциите ќе се ослободат од притисоците откако тие ќе бидат поразени и тогаш ќе се истражи како Заеви го купија гигантот „Герас Цунев“ по цена од една гарсониера, како ги добиваа лиценците за марихуана, како добиваа концесии за ископ, како го градеа „Цареви кули“, како ги ангажираа камионите во РЕК Битола и низа други скандали. Одговорност мора да има и ќе има и за криминалните тендери и грантови и за зделките на Кочо Анѓушев и за општиот грабеж кој се случува во моментов“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со мислењето на Комисијата за дискриминација.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО