Христијан Мицкоски се сретна со Манфред Вебер, Претседател на ЕНП во Европскиот Парламент

Од:

На маргините на Политичкото Собрание, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Манфред Вебер Претседател на ЕНП во Европскиот Парламент.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше г. Вебер за актуелните состојби во државата. Мицкоски укажа на политичкиот прогон од страна на актуелната власт преку злоупотреба на државните институции. Наместо реформи кои би ја придвижиле државата напред, Мицкоски посочи дека секојдневно сме сведоци на коруптивни скандали и општ грабеж кој ја уназадува државата како на политички така и на економски план. Со секој изминат ден на власт, Зоран Заев и СДСМ се повеќе ја оддалечуваат Македонија од патот кон ЕУ и НАТО.

Освен за актуелната дневно-политичка состојба, Мицкоски го информираше Вебер и за внатрепартиските случувања и трајната определба на ВМРО-ДПМНЕ, за приоретизирање на евро-атлантските интеграции на Република Македонија.

Манфред Вебер, Претседателот на ЕНП во Европскиот Парламент е најсериозен кандидат за Претседател на Европска Комисија.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО