Верушевски побарал доколку може да се снимаат и броевите на Груевски и Мијалков

Од:

Зоран Верушевски, откако почнало вадењето на телефонските разговори, побарал доколку може, да се маркираат односно да се внесат во системот за прислушување броевите на тогашниот премиер Никола Груевски и директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Ова барање Ѓорги Лазаревски и Звонко Костовски одбиле да го исполнат.

– Нас не ни падна на памет да направиме такво нешто бидејќи се што се маркира останува како траен запис кај операторите кои беа контролирани. Не сакавме да маркираме бидејќи не сакавме да направиме криминал, вели Лазаревски.

Како што тврди Лазаревски, селектирањето на материјалите го правеле Верушевски и Костовски, а тој само пренесувал пораки меѓу нив.

Дисковите првично биле предавани два пати неделно, а потоа дошло до прекин поради летниот период, а од септември повторно продолжиле со префрлување на информациите

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Државата на Верушевски треба да му исплати по пет илјади денари за секој од 344 дена поминати во притвор во 2015 година

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре