Пред неколку дена на YouTube се појави снимка од последниот танц и бакнеж на Јосип Броз Тито и неговата сопруга Јованка за време на дочекот на Нова Година во 1977 година. Дочекот бил во хотелот Парк во Нови Сад.
Снимката е со посебно значење бидејќи таму е забележано нивното последно заеднички појавувавање во јавност, пренесува босанскиот Аваз.
Домаќинот на прославата бил градоначалникот на Нови Сад Јован Дејановиќ, поради што хотелот бил во целост обновен, а Тито добил и апартман кој и ден денес е најекслузивната соба.