Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска повторно го критикуваше воведувањето санкции кон Иран, оценувајќи го потегот на Вашингтон како едностран и опасен.
Чавушоглу истакна дека треба да се посветат на дијалог, наместо на санкции.
Американските санкции за Иран, кои првично беа укинати со потпишувањето на нуклеарниот договор во 2015 година, стапија во сила вчера. Техеран најави дека нема да ги почитува и оти ќе продолжи да ја продава својата нафта.
За време на посетата на Токио, Чавушоглу изјави дека Турција е против санкциите, бидејќи тие не даваат резултати.
– Изолацијата на Иран е опасна, а казнувањето на иранскиот народ не е фер, истакна Чавушоглу.
Тој истакна дека едностраните мерки на САД го погодуваат светот, вклучувајќи ја и Турција, која една третина од гасот го увезува од Иран и притоа го повика Вашингтон да најде друго, разумно решение.
– Сметам дека наместо санкции, смислен дијалог е многу покорисен, порача Чавушоглу.