Единствена Македонија: Жалиме што Заев за себе ги приграбил руските пари наменети за партии и навивачки групи

Од:

Зоран Заев за време на протестите пред Собранието во јуни годинава јавно кажуваше дека во Македонија се финансираат партии и навивачки групи со руски пари преку рускиот бизнисмен со грчко потекло Иван Савидис. Притоа, министерот во МВР Спасовски вети дека ќе го испита овој случај, но, до денешен ден целосен молк од МВР, велат од Единствена Македонија.

„Пред неколку дена излегоа информации дека токму Зоран Заев и луѓе од неговото опкружување во власта биле во блиски бизнис и други врски со рускиот бизнисмен Савидис. Изразуваме големо жалење од лакомоста на Зоран Заев само за себе да ги приграби руските пари од Савидис кои биле наменети за финансирање на партии и навивачки групи во Македонија наместо да покаже коректност и да ги подели парите со Единствена Македонија, оти, нели, целокупната владеачка медиумска и експертска машинерија зборува во еден глас дека токму Единствена Македонија била финансирана со руски пари“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев