СДСМ: Партијата што 11 години ги понижуваше студентите, како опозиција е лицемерна кон младите

Од:

„Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години ги понижуваше и малтретираше студентите, денес како опозиција продолжува со лицемерно однесување кон младите и студентите.

За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа на криминални тендери, на луксуз, барок и споменици, а младите масовно се иселуваа, денес Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со младите и покажува вистинска грижа за нив.

Владата предводена од СДСМ обезбеди 80 милиони денари за подобрување на условите во ученичките и студентските домови за 2018 година, а тие средства ќе растат и во Буџетот за 2019 година.

Истовремено, преку спроведувањето на Гаранцијата за млади, активно се работи на проблемот со младинска невработеност. Уште во првите пет месеци од спроведувањето на Младинската гаранција, којашто како пилот програма се спроведува само во три општини, вклучени се речиси 2.000 млади луѓе, поточно 1.979 млади лица, од кои 586 од нив се веќе вработени.

Се зголемува и поддршката за младите земјоделци. Со мерката Млад земјоделец на Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се обезбедува помош од 10.000 евра неповратни средства за младите земјоделци, а досега за оваа мерка се исплатени околу три милиони евра.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на процесот на градење квалитетни младински политики преку кои се унапредува животниот стандард младите, со цел намалување на младинската невработеност и запирање на бранот на иселување на младите, нешто што беше масовна појава за време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ