ВМРО-ДПМНЕ: Kој и зошто го следи Николоски?

Од:

„На очајот и глупостите на СДСМ им нема крај. Така од една случајна средба и неврзан кафе муабет се создаваат теории на заговор. Јасно е дека тоа се прави со цел СДСМ да скрие дека покрај промена на името одлучи да ја прави Македонија и двонационална држава, како и да скрие дека зголемува даноци.

Исто така се поставува прашањето дали Николоски е физички следен од припадници на СДСМ или дури и членови на МВР, како и тоа кој и зошто го следи неговото движење.

Нас ова не не изненадува, тоа е одлика на една хунта на која за брзо ќе и дојде крајот.

Сепак јавноста повеќе сака да знае што толку СДСМ должи што мора да го стави Охридскиот Рамковен договор во Преамбулата на Уставот и да ја направи Македонија двојазична“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он