Експремиерот Никола Груевски по завршување на денешното рочиште за случајот „Титаник“ запрашан од новинарите дали ја добил одлуката од Кривичниот суд за не одложување на затворската казна, тој само одмавна со раката по што продолжи во старата зграда на Основниот суд каде треба се одржува рочиштето за случајот „Шамарите во Центар“ во кој е обвинет за иницирање насилство врз поранешниот градоначалник Андреј Жерновски.
Груевски исто така не сакаше да одговори на прашањето дали ќе се жали до Кривичниот совет за одлагање на затворската казна.
По одлуката на Апелацискиот суд со кој ја потврди двегодишната затворска казна за Груевски за случајот Тенк, експремиерот упати барање до Кривичен за одложување на издржувањето затворска казна кое беше одбиено од страна на судијата одреден за извршување на казната.
Откако одлуката ќе му биде доставена на поранешниот премиер, тој има право на жалба во рок од 3 дена до Кривичен совет кој доколку го одбие барањето за одложување на затворската казна, Груевски ќе треба да се пријави во затворот во Шуто Оризари.
Виктор Јованов