Да ти е*ам националистите, не можат да станат рано да гласаат, му вели Јанакиески на Божиновски

Од:

Да ти е*ам националистите не можеле рано сабајле да станат да гласаат, и сега ќе мора да барам други авиони, му вели ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески на поранешниот генерален секретар на Владата на РМ, Кирил Божиновски, за граѓаните од дијаспората кои од бомбите се слуша како ги договараат со чартер лет да пристигнат во Македонија за да гласаат на изборите во 2013 година.

– Нервозен сум во пи**у ма*ер, не можеле недела рано да станат да дојдат да гласаат, најдов авиони во 5 ипол и 9 ипол, не можеле да станат рано им било, си играат дрндуфки, вели Јанакиески.

Претходно од телефонските разговори исто така можеше да се слушне како Јанакиески заедно со актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев ги договараат чартер летовите од европските земји за гласачи од дијаспората.

На претходните рочишта од телефонските разговори можеше да се слушне како Јанакиески со директорот на охридскиот аеродром разговара за евентуално спречување на албанските гласачи брзо да поминат низ терминалите за да не стигнат на гласање во Кичево и Гостивар.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески