Два огромни прекуокеански крузера се судрија и тоа додека биле закотвени во италијанско пристаниште. Причина за ваквиот судир не е неискуството на кормиларите, туку силната бура што неделава ја погоди Италија и разбрануваното море, поради кое овие огромни бродови се удриле еден од друг.
Collision of cruisers Celebrtiy Constellation and Costa Magica in severe thunderstorm in La Spezia, Liguria, NW Italy during the severe weather outbreak on October 29! Report: @AndreaROMANIN1 TW
Posted by Severe Weather Europe on Сабота, 03 ноември 2018
Крузерот „Соѕвездието на познатите” на 29. октомври удрил во „Коста Меџик“, а се дотогаш успевал да им одолее на силните бранови и ветрот што ги погоди северните и централните делови на Медитеранот.
Бродот само го закачил другиот крузер околу седмиот кат, при што патниците забележале дека штетата не премногу голема. Сепак, тие не можеле да продолжат со патувањето, па со автобуси биле пренесени во Рим.
Силно невреме ја погоди неделава Италија, при што загинаа најмалку 18 луѓе, а предизвиканата материјлна штета допрва треба да се процени. Според првичните информации, само регионот на Џенова е оштетен за десетици милиони евра.