Бектеши – Галовеј: Влезот на Република Македонија во НАТО ќе значи посилен импулс за бизнисот

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со Амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. Посакувајќи ѝ успешна работа во Македонија, министерот Бектеши се осврна на економската соработка и континуираниот раст во билатерална трговска размена меѓу Република Македонија и Велика Британија. Имено, ако минатата година е остварен раст од 9,1%, при што извозот е зголемен за 31,6%, а увозот за 7,3%, растот е уште позначаен во периодот јануари-август годинава и изнесува 19,3% во делот на билатерлната трговска размена, при што извозот се зголемил дури за 71,9%, а увозот за 14,2%. Министерот Бектеши изрази задоволство и од инвестициските активности од Велика Британија во Република Македонија, со очекувања дека во наредниот период тие ќе се интензивираат.

На средбата беше заклучено дека влезот на Македонија во НАТО ќе значи уште посилен импулс за бизнисот, поради што и очекувањата за побогата и поинтезивна соработка се сѐ пореални, како и продолжување на инвестицискиот циклус на двете страни.

Министерот Бектеши информираше за напредокот во енергетскиот сектор, по новиот Закон и Стратегијата за енергетика, при што во фаза на изработка се подзаконските акти кои произлегуваат од законот, со што се отвара патот за инвестициски проекти во обновливите извори на енергија, особено во делот на фотоволтаици.

Една од темите за време на средбата беше размената на искуства околу образовните реформи, поточно околу сѐ понагласената потреба на поголема поврзаност на универзитетите, особено техничките факултети со бизнисот, како и поддршка во обезбедување на директен тренинг на студентите во компаниите.

Бектеши и Галовеј се осврнаа и на претстојниот важен период на преговори на Република Македонија со ЕК по определените поглавја, особено оние каде носител е Министерството за економија, при што беше изразена силна поддршка од страна на Обединетото Кралство за што поуспешна реализација во овој дел со што за република Македонија ќе се отворат нови можности за економски развој на државата и за можност за користење на експертски искуства.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он