Бугарија, Грција, Србија и Романија ќе аплицираат за организација на Светското првенство во 2030

Од:

Бугарија, Грција, Србија и Романија ќе аплицираат за домаќини за Светското првенство во фудбал, изјави премиерот Бојко Борисов на прес-конференција по четиристраната средба на високо ниво што се одржа во Бугарија, пренесе бугарската новинска агенција „Фокус“.

На состанокот на лидерите на четирите земји станало збор за енергетската безбедност, инфраструктурата и престојното романско претседателство со Европската Унија.

Претходно Борисов посочи дека фактот што денеска се одржува втор состанок во ваков формат, во изминатите шест месеци е доказ за продуктивноста на средбите која придонесува за продлабочување на регионалната соработка и за развој на добрососедските односи.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија