Груевски се поблиску до Шутка, му остана уште една жалба

Од:

„Макфакс“ дознава дека судијата за извршување санкции, Пајазит Пајазити, не му го прифати барањето на експремиерот Никола Груевски да му се одложи извршувањето на затворската казна.

Откако одлуката ќе му биде доставена, Груевски има 3 дена рок да поднесе жалба до совет од тројца судии. Кривичниот совет, пак, треба да донесе одлука исто така во рок од 3 дена. Ако кривичниот совет ја потврди претходната одлука, одлуката станува извршна.

Груевски минатата недела доби упатен акт од кривичниот суд да се јави во затворот во Шуто Оризари, најдоцна до 8 ноември.

Тој е осуден на две години затвор во случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот „мерцедес“. За истиот случај на специјалното јавно обвинителство има неправосилна пресуда и за ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Таа е осудена на 6 години затворска казна.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Полицијата го чува Саркози во затвор

Голем број загинати во затворски бунт во Еквадор

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година