„Повелба на Република Македонија“ за Сојузот на извидници на Македонија

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов синоќа на Сојузот на извидници на Македонија му го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ поради 65 години од неговото основање како самостојно здружение на граѓани за деца и млади, а особено за исклучителниот придонес за развојот на младите луѓе во нашата држава преку промовирање на извидничките вредности и принципи.

Сојузот на извидници на Македонија (СИМ), како невладина, непрофитна организација со шест и пол децениска традиција во областа на неформалното образование кај младите луѓе и со повеќе илјади членови од сите возрасти, е членка на Светската извидничка организација WOSM и достојно ја презентира Република Македонија на меѓународно ниво.

Годинава Сојузот на извидници на Македонија е домаќин на Европската извидничка академија, што се одржува во хотелот „Континентал“ во Скопје, од 30 октомври до 4 ноември. На акдемијата учествуваат повеќе од 200 луѓе од 40 земји во Европа.

Под мотото „Петте зачини на извидништвото“ учесниците надвор од Македонија имаат можност да ја пробаат вкусната храна која ја нуди нашето поднебје, но и да се запознаат со туристичките локации и природни убавини кои ги нуди Град Скопје преку разни игри и работилници.

Сојузот на извидници на Македонија своите први почетоци ги бележи уште во 1921 година, а обликот на денешната организација датира од 1953 година. Во нејзините редови имаат членувано повеќе илјадници млади луѓе кои се грижат за правилно воспитување и образование на децата и младите. Денес Сојузот на извидници на Македонија функционира на речиси целата територија на Република Македонија, со 25 активни извиднички одреди.

– Користејќи ги извидничкиот метод и неформалната едукација настојуваме да бидеме вистинска организација во која младите ќе го пронајдат своето место и ќе го изградат својот карактер, активно вклучувајќи се во општеството и донесувајќи одлуки кои го прават светот подобро место за живеење. Извидничката организација, како во светот така и во Македонија, е најбројното невладино движење во кое активно се вклучени над 100.000 млади луѓе. Повеќе од 100 години ние сме единственото движење кое опстанало и успеало да оствари придобивки за младите кои вистински се вреднуваат и согледуваат, соопшти Сојузот на извидници на Македонија.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Царовска: Извидничкиот камп никако не е поврзан ниту со МОН ниту со Бирото за развој на образованието

А1он

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска