РСБСП: Како да реагирате во сообраќајот кога ќе чуете сирени?

Од:

Дали да застанете или да успорите? Каде да се подзакриете во случај на сообраќаен метеж? И најважно- како да не одмогнете?

Гужвите и метежот во сообраќајот се фрустрирачки за многу возачи. Замислете како се чувствуваат возачите на Итната медицинска помош додека транспортираат пациент кој се бори за живот. Од тука проблематиката односно темата која значи пропуштања на возилата со право на првенство на минување, во кои влегуваат возилата на службите на брза помош, полициските возила, возилата на противпожарните служби и возилата на Армијата на Република Македонија заслужуваа посебно внимание.

Пропуштањето на возилата со право на првенство на минување кога со посебни уреди даваат светлосни и звучни знаци е законска, етичка и хумана обврска на секој учесник во сообраќајот. Согласно тоа , РСБСП со совети како да постапите, како одговорен возач, во случај да се најдете во ситуација да го делите сообраќајот со возилата со право на првенство на минување:

1.чекор – лоцирајте го возилото!

Кога ќе слушнете сирена (звучни знаци), прво и основно не треба да ве фати паника. Бидете смирени и обидете се да откриете од кој правец доаѓа звукот. Исклучете ја музиката и отворете го прозорецот. Логично доколку се зголемува звукот значи дека возилото доаѓа спрема вас, меѓутоа мора да утврдите, дали доаѓа позади вас, од напред или од страна.

2.чекор – анализирајте ја состојбата!

Понекогаш се наоѓате во густ сообраќај без место за поместување. Токму затоа би требало да почнете да ја анализирате ситуацијата штом ја чуете сирената. Вашата реакција зависи од многу фактори вклучувајќи ја одделеченоста на возилото со право на првенство на премин, брзината на приближувањето, однесувањето на другите возачи, типот на патот, можноста за безбедно отстранување на вашето возило итн.

На вас останува да ја донесете вистинската одлука во вистинскиот момент. Овде не е во прашање само законот. Со вашата реакција можете да го спасите животот на некое дете, сестра, мајка, татко…

3.чекор – реагирајте!

Доколку се наоѓате на отворен пат, без многу сообраќај, дозволете му на возилото со право на првенство на минување, полесно да ве заобиколи, така што ќе ја намалите брзината и максимално ќе се поместите во десно. Доколку сообраќајот е густ, обидете да најдете место да застанете на страна.

Меѓутоа во градските гужви, ситуацијата е неспоредливо по комплицирана – не постои универзален совет. Морате да изреагирате во согласност со околностите.

Направете што е потребно да го пропуштите возилото со право на првенство на минување, а притоа да не се загрозите себеси или другите учесници во сообраќајот.

На автопат само ослободете ја левата лента-тоа ќе биде доволно.

4.чекор – гледајте го возачот и внимавајте на неговите сигнали!

Кога ќе се најдете во ситуација да не знаете како да изреагирате при средбата со возило со право на првенство на минување, воспоставете визуелен контакт со возачот и следете ги неговите упатства.

Што не треба да правите?

Без нагло кочење!

Кога ќе го забележите возилото со право на првенство на минување зад себе, најлошо што може да направите е ненадејно да закочите, што не ретко и се случува. Така ризикувате да предизвикате судар, а истовремено и да го забавите возилото со право на првенство на минување.

Без изненадувачки маневрирања!

Однесувајте се како во секоја друга ситуација во сообраќај – пуштете трепкач на време или вклучете ги сите четири доколку планирате да застанете. Возачот на возилото со право на првенство на минување ќе знае да го почитува вашето навремено известување за вашите намери, што и да планирате да направите.

Не паничете! Паниката може само да ја влоши ситуацијата. Според тоа кога ќе чуете сирени зад себе, длабоко вдишете и проценете ја ситуацијата. Доколку можете да помогнете да помине возилото со право на првенство на минување, направете го тоа – доколку не можете, останете смирени и чекајте прва можност да го направите тоа.

Не правете нов проблем!

Со целата своја волја, постои веројатност во обидот да го пропуштите возилото со право на првенство на минување, да предизвикате сообраќајна незгода, па така наместо да помогнете, дополнително да ја искомплицирате ситуацијата. Затоа, обидете се, се што ќе превземате да биде апсолутно безбедно, па дури и ако тоа значи моментално успорување на возилото со право на првенство на минување.

На пример, автомобил стои на семафор со црвено светло, ненадејно зад него се појавува Итна помош, возачот ако го фати паника, ќе помине на црвено и со тоа ќе предизвика сообраќајна незгода.
Исто така, доколку на отворен пат без место за застанување и можност за престигнување, почнете да возите многу брзо како би дошле до место на кое може да се поместите, постои можност да ја загрозите безбедноста во сообраќајот. Затоа бидете внимателни.

И сантиметар значи!

Возачите на Итната помош се искусни и вешти „борци“ кои ќе знаат да го искористат секој сантиметар кој ќе им го обезбедите со поместување на вашето возило. Доколку сте во можност да им го обезбедите тој сантиметар, напревете го тоа. Сообраќајните ленти се доволно широко направени, така што со поместувањето на возилата од двете страни би се обезбедила уште една лента на средина, за возилата на Итната помош или против пожарната служба.

ЗАПОМНЕТЕ: Возилата на службата за брза помош, на противпожарната служба, на полицијата и на Армијата на Република Македонија, кога со посебни уреди даваат светлосни и звучни знаци, имаат право на првенство на минување во однос на сите други возила освен во однос на возилата под придружба и возилата што се движат низ крстосница на која сообраќајот е регулиран со светлосни сообраќајни знаци или со знаци на униформиран полициски службеник, под услов да не ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

A1on

Возачите да бидат внимателни во близина на воспитно-образовните установи, апелира советот за безбедност во сообраќајот

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

ВИДЕО: МВР и РСБСП со кампања за зголемена безбедност во сообраќајот

Ана Ололовска

РСБСП: Промоција на прирачник за возачи почетници

Ана Ололовска

РСБСП: На матурска прослава без автомобил

Ана Ололовска