(ВИДЕО) Јаревски: Од Шарениот СДСМ во Карпош останаа само шарени лаги

Од:

„Од Шарениот СДСМ во Карпош останаа само шарени лаги и сурова реалност.

Пред една година СДСМ тврдеа дека изготвија буџет кој ќе ги реши проблемите, а денес сме соочени со констатација дека проблемите останаа, а се создадоа и нови уште посложени, ниту знаат како со приходите, ниту како со расходите, ниту пак знаат како да се справат со финансиите.

И со овој ребаланс, буџетот на Карпош нема никакви допирни точки со реалноста. Се лажат себеси, а ги лажат и граѓаните“, рече Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.

„За илустрација на забеганата состојба, посочуваме на фактот што ребалансот и буџетот се темелат на приходите од комуналиите.

СДСМ со овој ребаланс не уверува дека до крајот на 2018 година општина Карпош, по основ на комуналии, ќе обезбеди приход во износ од 898.700.000 денари или приближно 15 милиони евра. Тоа значи дека општината планира да издаде градежни дозволи за 168.000 метри квадратни станбен и деловен простор или за 100 нови згради.

100 нови згради!!!

Каде и како ли само определија локација за 100 нови згради во Карпош?

За конфузијата да биде целосна и покрај огромниот очекуван приход општина Карпош со ребалансот одлучи да штеди на изградба на улици, патишта, паркови, паркинзи и екскурзии за учениците.

• Се кратат 30 милиони денари од средствата наменети за реконструкција на улица и патишта.

• Се кратат 30 милиони и од средствата наменети паркинзи.

• Се кратат 30% и од средствата за зеленило во Карпош.

• Се кратат и средствата за екскурзии за учениците од училиштата.

Ваков предлог ребаланс на буџет жителите во Карпош не заслужуваат? Ваков предлог ребаланс ние нема да поддржиме“, изјави Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт