Во Кривичниот суд рочишта за „Титаник 2“ и „Тревник“

Од:

Рочишта за предметите на СЈО „Титаник 2“ и „Тревник“ треба да се одржат денеска во Кривичниот суд во Скопје.

На претходното рочиште за случајот „Титаник 2“ беа испрашувани поранешните членови на Државната изборна комисија (ДИК), Виолета Дума и Субхи Јакупи.

Во „Титаник 2“, случај кој се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013. година, обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Во случајот „Тревник“ обвинети се новинарот Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково.

Според Специјалното јавно обвинителство, обвинетите изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Јанакиески 3,5 години во затвор, условна казна за Јанкуловска за „Титаник“ реши Апелација

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска