Атлетичарка Адријана Поп Арсова го подобри македонскиот државен рекорд во најдолгата дисциплина, откако на маратонот во Подгорица истрча со резултат под три часа.
Таа трката во црногорската престолнина ја заврши за два часа, 59 минути и 43 секунди и беше четвртопалсирана во женска конкуренција.
Претходниот рекорд, исто така, и припаѓаше на Поп Арсова, а изнесуваше три часа и 37 стотинки и го постави пред само две седмици на маратонот во Ајндховен, Холандија.