Од 5 ноември повторно ќе профункционира јавниот градски превоз во Кочани

Од:

Од 5 ноември во Кочани повторно ќе започне да функционира јавниот градски превоз, што беше прекинат на почетокот на август годинава.

По реализираната јавна набавка, општина Кочани склучи договор со трговското друштво „Тасим компанија“ од Оризари, кое во наредните дванаесет месеци ќе го врши општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани.

Од локалната самоуправа на Кочани информираат дека превозникот има обврска за најмалку четири тргнувања дневно, од понеделник до сабота, согласно одобрениот и регистриран возен ред. За автобуски стојалишта се определени вкупно 63 локации, во Кочани и во приградската населба Оризари.

Патниците ќе плаќаат само 10 денари за едно возење, односно половина од сумата на чинење на билетот, а остатокот ќе го субвенционира општина Кочани според донесената одлука на општинскиот Совет.

Откако беше воведен како услуга, градскиот јавен превоз за прв пат се реализира по спроведена постапка за јавна набавка.

Претходниот превозник, „Авто атом“, од 1 август годинава престана да извршува сообраќај како линиски превозник, со образложение дека релациите се покажале како непрофитибилни и неисплатливи за натамошно изведување.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена