Средба Ахмети – Која, теми уставните измени, реформите и Рамковниот договор

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во седиштето на партијата ДУИ во Тетово, имаше средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Клеменс Која.

Соговорниците, како што соопштија денеска од ДУИ, дискутирале за политичката ситуација во земјата, уставните измени, реформите, како и за Рамковниот Договор.

Ахмети посочил дека е задоволен поради поддршката за уставните измени во Собранието која, како што рекол, овозможила имплементација на договорот од Преспа и доведување на земјата чекор поблиску до НАТО и ЕУ. ДУИ, потенцирал Ахмети, ќе продолжи со напорите за заокружување на интегративниот процес како апсолутен приоритет не само на партијата, туку и на сите граѓани.

Тој се осврнал и на посветеноста на ДУИ за системските реформи и владеење на правото како главни услови од преговорите за членство во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Политички судир: ДУИ бара одговорност од Меџити за спорна исплата

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата