Арсенал постигна 11-та последователна победа во сите натпреварувања по победата од 1:0 како гостин против Спортинг Лисабон во Лига Европа доцна синоќа, но менаџерот на „топџиите“ Унаи Емери не мисли за израмнување или подобрување на некој од клупските рекорди.
– Сега размислуваме само за нашиот следен дуел против Кристал Палас. Остануваат уште навистина многу натпревари, изјави Емери пред медиумите.
Тој на стартот на сезоната ги загуби средбите со Челзи и шампионот Манчестер Сити, кои беа првите официјални за него на чело на тимот од Лондон.
Во сезоната 2003-2004, Арсенал заврши без пораз во Премиер лигата, а серијата подоцна достигна до 49 последователни натпревари во првенството.