ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски нема поддршка од стружани

Од:

За струшките вмровци недоаѓањето на Бранко Црвенковски на протестниот митинг на опозицијата во Струга, било доказ дека Црвенковски бил свесен дека немал подршка од стружани.

„Тие му свртија грб на Бранко Црвенкоски и неговите погубни политики. Тој тоа немаше привилегија да го види бидејќи иако најавен не беше присутен на протестот. На тој начин уште еднаш покажа колку му значи Струга, а посебно Стружани. За протестот да биде оправдан мораше да бидат донесени автобуси и комбиња од соседените општини Охрид и Дебарца. На тој протест имаше се, само не Стружани“.

Како свој повереник на негово место дојде пратеникот во оставка Игор Иваноски кој меѓу другото го кажа она што секој стружанец сакаше да со слушне а тоа е дека неговата партија ќе ја вратела Струга онаму каде што треба”.

Можеби на негово место подобро би било да дојдеше во Струга и да зборуваше Радмила Шеќеринска истата онаа особа кој во далечната 2004 година, за време на референдумот им порача на стружани јасно и гласно дека “Некои прашања не заслужуваат одговор”.

Стружани сега како никогаш досега бараат да бидат обединети,и нема да дозволат други да им ја кројат судбината нивна и на нивните деца. Стружани овој пат нема да бидат вовлечени во сценариото на Бранко Црвеноски кој за да ја зачува својата партиска фотеља како заложник ја става цела Македонија“, рекоа од ВМРО ДПМНЕ во Струга.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски