Агенцијата за млади и спорт во Општина Чаир пушти во употреба нова фитнес-зона.
Официјално во употреба фитнес-зоната ја пуштија директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, заедно со градончалникот Висар Ганиу.
-Сакам оттука да упатам порака за правилна и максимална искористеност на фитнес-зоната од страна на сите граѓани, а особено од страна на младите лица, рече Каевски.
Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт и во иднина ќе продолжи со вложување и поддршка на спортот во оваа општина.