По Мијалков и Тодоров експресно исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, го исклучија од партијата поранешниот висок функционер, Никола Тодоров.

Тој бил повикан во општинскиот комитет во Карпош, каде бил ислушан и по расправата бил исклучен од ВМРО-ДПМНЕ.

Решението доаѓа по едногласната одлука на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, од општинскиот комитет во Центар беше исклучен од партијата ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Мијалков, кој изјави дека на партијата ѝ е потребна инклузивност, а не политики на исклучување. Тој посочуваше дека партијата не е сопственост на актуелното раководство.

Екс министерот за здравство Никола Тодоров бараше да биде повикан и ислушан од дисциплинската комисија во Карпош, но тоа не се случи.

И за двајцата од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека соработувале со СДСМ со цел обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени, спротивно на партискиот став.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус