Командирот на полициската станица Центар барал партиски подобни полицајци да бидат ангажирани во Центар

Од:

Командирот на полициската станица Центар, Зоран Марковски, во телефонски разговор од 2 април 2013 година со ексминистерот Миле Јанакиески, нудел имиња на партиски подобни полицајци да бидат ангажирани за изборите во Центар.

„Освен еден што ми пуштија со триста усилби преку Мијалков, преку Влатко… ама еден човек не ми врши работа“, му вели Марковски на Јанакиески.

„Ќе видам јас и со министерквата моја. Јас ќе ви дадам неколку имиња на верни чесни и полициски и политички да ми ги донесете“, вели командирот во ПС Центар.

„Јас во петок ќе го направам списокот. Ако може да помогнете“, го замолува командирот, Јанакиески.

На почетокот од рочиштето, по паузата, судијата го опомена експремиерот да не доцни, откако Груевски се појави во судницата 16 минути, откако рочиштето беше закажано.

„Во иднина навреме да се враќате во судницата“, рече судијата Шабани.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“