Куманово одвои 6,8 милиони денари од општинскиот буџет за претстојните локални избори

Од:

Куманово одвои 6.800.000 денари од општинскиот буџет за претстојните локални избори закажани за 24 март. Средствата се наменети за финасирање на општинските изборни комисии и избирачките одбори. Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека ова е законска обврска за сите општини во државата која мора да се испочитува, иако како што вели е новина.

– Досега овие средства беа издвојувани од државата и сметам дека овој начин на финансирање не соодветсвува со трендовите на фискалната децентрализација, појаснува Дамјановски.

Согласно законот, општината треба ги определи локациите во градот и населените места на кои политичките партии и кандидатите за градоначалници ќе имаат можност рамноправно да го постават пропагандниот материјал.

Би можело да ве интересира

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Косово на прагот на нови предвремени избори

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски