(ВИДЕО) Палмер: Мицкоски ги изрази ставовите на партијата со писмо, тоа што не се сретнав со него не носи никаква порака до нив

Од:

Како што се движите напред, македонскиот народ, македонските лидери, може да сметаат на поддршката од САД, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер по средбата со премиерот Зоран Заев.

Тој истакна дека со Заев разговарале за низа актуелни прашање, вклучително и за Договорот со Грција, процесот за негово процесирање, како и за влезот во ЕУ и НАТО и јакнењето на односите.

На новинарското прашање зошто Палмер не се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, заменик помошникот на САД одговори дека при секоја посета има определено време и треба да се направи избор како да го искористи.

-Мицкоски испрати писмо каде ги изразува ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, тоа што не остварив никаква средба со него не носи никаква порака до нив, рече Палмер.

Тој исто така кажа дека САД ја поддржуваат преспанската спогодба, и дека се задоволни од гласањето за уставни промени во петокот.

-Тоа е глас за иднината, ќе одржуваме контакт со Владата и со сите пратеници кои гласаа за спогодбата, рече Палмер.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени