Тачи-Палмер: Целосна поддршка од САД за Преспанскиот договор и агендата на земјата

Од:

Претседателот на Демократската Партија на Албанците, Мендух Тачи, денеска во Скопје во резиденцијата на амбасадорот Бејли се сретна со заменик-помошникот државен секретар, Метју Палмер.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, за имплементацијата на Преспанскиот договор, како и за реформскиот процес.

Претседателот Тачи на средбата истакна дека ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор, како и процесот на реформи за целосна интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.

На состанокот Палмер ја потврди целосната поддршка од САД за Преспанскиот договор и за агендата што ја води земјата до членството во НАТО и во ЕУ.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Лајчак и Палмер заедно се сретнаа со косовската претседателка Османи

Жарко Настоски

Палмер повика да се почитуваат демократските стандарди на изборите во Албанија

Жарко Настоски

Палмер: С: Македонија мора итно да ги почне преговорите за членство во ЕУ

Жарко Настоски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска