Саудиска Арабија нема да ја користи нафтата како политичко средство

Од:

Саудиска Арабија нема да ја користи нафтата како политичко средство во спорот со Западот во врска со смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги и енергетската политика на државата ќе биде насочена кон стабилност на глобалниот пазар.

Ова денеска го изјави саудискиот министер за енергетика, индустрија и минерални ресурси Калид Aл-Фалих.

– Да се надеваме дека светот мудро ќе се избори со политичката криза, вклучувајќи ја и онаа која се однесува на граѓанинот на Саудиска Арабија во Турција и ние ќе ја искажеме нашата мудрост и на политички и на економски фронтови, рече Ел Фалих.

Одговарајќи на новинарско прашање дали би можело да се повтори ембаргото на извоз на нафта како она во 1973 година кога повеќето земји од Персискиот Залив драстично ги намалија испораките на нафта кон Запад поради поддршка на Израел, тој рече дека не постои план да се направи такво нешто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ