Стружанец кршел во казино, а на полицајците им се заканил дека ќе активира бомба

Од:

Четириесет и петгодишен маж од струшко бил приведен пред казино на улицата Маршал Тито во Струга.

Претходно, како што соопшти полицијата, тој влегол во казиното и со закани од благајникот побарал пари, по што почнал да ги крши апаратите, шанкот и стаклата од влезната врата. Тој продолжил да се заканува и кон полициските службеници кои набрзо пристигнале на местото на настанот. Потоа фрлал и со предмети при што го оштетил предното стакло од полициското возило. Во еден момент, приведениот ја ставил раката во торбата што ја имал и им се заканал на полициските службеници дека наводно ќе активира бомба.

Тој набрзо бил совладан и лишен од слобода.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага