Димитров: Македонија реши да застане на нозе, да исправи глава и да тргне напред

Од:

Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на својот профил на „Фејсбук“ по синоќешното гласање во Собранието за уставните измени.

„Секој чекор е и ќе биде голем предизвик. За сите нас. Но Македонија реши да застане на нозе, да исправи глава и да тргне напред. На крајот, ќе не биде. И кога ќе погледнеме назад, ќе се гордееме“, гласи пораката што ја испрати Димитров.

Синоќа во Собранието со 80 гласа „за“ беше изгласана одлуката за пристапување кон уставните измени, во насока на целосно прифаќање на преспанскиот договор. „За“ гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои по гласањето беа исклучени од партијата.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он