Вработените во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул денеска се сослушани во турското Обвинителство во рамките на истрагата за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јави турската новинска агенција Анадолија.
Според приватната телевизија А Хабер, сослушани се 15 вработени во Саудискиот конзулат, вклучително и возачот на конзулот, техничкиот персонал, сметководители и телефонските оператори.
Во меѓувреме, турската телевизија НТВ јави дека сослужаните лица се турски државјани,
Кашоги (59) исчезна на 2 октомври откако влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Тој ја напушти Саудиска Арабија минатата година откако ја критикуваше саудиската политика во Јемен и притисокот што се врши врз критичарите на власта.
Според турските власти Кашоги е убиен во Конзулатот, но Ријад ги демантира таквите тврдења.
Турскии и саудиски претставници неделава почнаа заедничка истрага во Конзулатот и резиденцијата на саудискиот конзул во Истанбул, со цел да се утврди судбината на Кашоги.