Груевски за 8 дена ќе добие покана да се јави во затвор

Од:

Пресудата за двегодишната затворска казна на експремиерот Никола Груевски од Апелација пристигна во Кривичниот суд од каде ќе биде распределен дежурен судија за санкции со што започнува 8 дневниот рок за испраќање упатен акт за пријавување во затвор.

Осудениот експремиер Никола Груевски на решението на судијата има право на жалба со која бара одлагање на извршувањето во рок од 3 дена. Доколку судијата го одбие барањето Груевски има право на жалба до совет од тројца судии кој треба да донесе конечна одлука за евентуално одлагање во рок од 3 дена. Ако советот го потврди решението на судијата, осудениот мора да се јави во затвор.

Поранешниот премиер беше осуден на две години затворска казна за злоупотреба на службената положба за набавка на блендираниот мерцедес ес600 вреден 600 илјади евра.

Груевски изјави дека ќе ги искористи сите правни лекови кои му стојат на располагање.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош