(ВИДЕО) Палмер: Oслободете ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат без закани и одмазда!

Од:

„Бараме од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат по нивно уверување без страв од закани и одмазда“ рече Метју Палмер, заменик-помошникот државен секретар на САД, на панел на Белградскиот безбедносен форум.

Тој не одговори прецизно на прашањето дали неговата посета на Скопје идната недела ќе го одложи гласањето за уставните измени во Собранието и рече дека партиите мора да го стават државниот интерес пред партискиот.

„Историскиот договор од Преспа ѝ ги отвори вратите за европската иднина на Макеоднија. Нема алтернатива. Нема Преспа плус. Нема подобар договор од овој“, порача Палмер од говорницата на Форумот. „НАТО ја покани Северна Македонија да ѝ се приклучи на алијансата“, додаде Палмер.

На панелот Палмер говореше пред присутните за интеграцијата на земјите од Западниот Балкан. Тој в недела пристигнува во Скопје на средби со државниот врв и политичките партии. Посетата на Палмер доаѓа пописмото на Вес Мичел, кој му упати остри критики на Христијан Мицкоски за односот на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето на уставните измени.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Димитровски: Без подадена рака, нема внесување на Бугарите во Уставот

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски