Собраниската седница за уставни измени продолжува во петок

Од:

Собранискиот спикер, Талат Џафери ја прекина седницата за уставни измени. За утре ја закажа 60-та седница по ред, со други точки на дневен ред.

Според најавите, во петок се очекува да се пристапи кон гласање на владиниот предлог за пристапување кон измени на Уставот. Претходно, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се откажа од правото на дискусија и повикаа на гласање по предлогот на Владата за уставни измени.

„Пратеничката група заклучува дека е кажано сè и дека нема потреба од натамошна дебата во однос на предложените уставни измени и договорот од Преспа којшто беше отфрлен од народот на референдум. Истовремено пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За подобра Македонија’ апелираат и до пратениците од владејачкото мнозинство и тие да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по предлогот на Владата на Република Македонија за уставни измени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители