Поддршка од Финска за реформите и уставните измени

Од:

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Финска, Мати Антонен, денеска, на средба со премиерот Зоран Заев изрази поддршка на реформскиот процес во Македонија.

Според Антонен, заокружувањето на реформите во фаза на очекување на почетокот на отворањето на претпристапните преговори со ЕУ е олеснување за државата, бидејќи ефикасното затворање на потребните поглавја во процесот, го скратува патот до полноправно членство.

Државниот секретар воедно посака успех на процесот што се води во Парламентот.

– Фокусирани сме, низ инклузивен и конструктивен процес во Парламентот да ја водиме постапката за промена на Уставот на Република Македонија, како дел од Договорот од Преспа и со тоа да го обезбедиме членството на нашата земја во ЕУ и во НАТО. Тоа ќе значи осигурена стабилност и безбедност за нашата држава и можности за развој на економијата и повисок животен стандард, рече Заев на средбата.

Објасни дека Владата е насочена и кон спроведување на потребните реформи што ќе овозможат подобар живот за граѓаните во својата земја, а се потребни и за пристапните преговори на Македонија кон ЕУ.

На средбата се споделени искуства и за функционирањето на области значајни за секојдневниот живот на граѓаните и за напредокот на државата. Нагласени се како важни добрососедските односи што водат кон напредок на државите.

– Се разговараше за значењето од вложувања во добро образование од рана возраст, за обезбедување подобра компетитивност при вработувањето и на компаниите. Антонен го сподели искуството на Финска во областа на енергетската ефикасност, нагласувајќи дека 40 отсто од енергијата во Финска се произведува преку обновливи ресурси, со амбиција за натамошен раст на оваа стапка. Премиерот Заев посочи дека и еден од приоритетите на Владата на Република Македонија со новиот Закон за енергетика е да се подобри значително енергетската независност и ефикасност на државата. Разговарано е и за начините за постигнување ефикасен здравствен систем, информира Владата.

Би можело да ве интересира

Стуб: Стариот свет умира, новиот сè уште нема јасни правила

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

ВИДЕО: Финска објави снимка од заземањето на руски брод

Финска го притвори екипажот на бродот поради сечење на кабел во Балтичкото Море

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски