(ВИДЕО) Караџовски: Се преземаат сите мерки за редуцирање на присуството на азискиот тигрест комарец во Македонија

Од:

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов и д-р Жарко Караџовски, епидемиолог во Институтот за јавно здравје денеска на прес – конференција во Владата на Република Македонија информираа за превентивните активности коишто се преземаат за да се спречи натамошното размножување на азискиот тигрест комарец којшто е присутен на територијата на неколку градови во Македонија, како и во Скопје.

Истакнувајќи дека поради климатските промени, Република Македонија години наназад спроведува заштитни мерки за заштита од евентуалната појава на вируси кои ги пренесуваат тигрестите комарци, д-р Жарко Караџовски потенцираше дека досега во Република Македонија нема регистрирано ниту еден случај на инфекција или заболување од азискиот тигрест комарец. Имајќи предвид дека сега временските прилики не се погодни за размножување на овој вид комарец, д-р Караџовски уверува дека незначителен е ризикот од појава на вирус којшто го пренесуваат тигрестите комарци и дека нема простор за загриженост или страв кај граѓаните.

„Будно ја следиме состојбата во регионот и во околните држави каде што гледаме дека има поголем број на лица инфицирани, заболени, дури има и смртни исходи. Она што ние како Институт за јавно здравје и Комисија за заразни болести во иднина ќе го следиме е следното: Секоја локална самоуправа во својот акциски план којшто го имаме изготвено од минатата година има за задача дел од средствата коишто се наоѓаат во нивните буџети, да ги употреби на локално ниво и да превенира појава на овие заболувања, преку спроведување на дезинфекција, дезинсекција и дератизација“, рече д-р Караџовски.

Едукативните брошури со сите неопходни информации за азискиот тигрест комарец, како што посочи д-р Караџовски, одамна им се достапни на граѓаните, но и на сите здравствени работници во Република Македонија.

„Секое населено место, секоја локална самоуправа, сите ние треба да правиме наши, локални превентивни мерки, односно секаде каде што имаме застоена вода во нашите дворови, во нашите бавчи, во нашите градини, треба да прегледаме дали има вода затоа што во неколку капки вода комарецот може да хибернира цела зима“, заклучи д-р Караџовски.

Во оваа насока д-р Караџовски препорачува граѓаните да не оставаат отворени буриња, канти, пловни објекти (чамци, кануа) и стари гуми по дворовите во кои може да се собира дождовница, редовно да ги чистат олуците на своите куќи, за да се овозможи истекување на водата, да ја одржуваат хигиената на домашните украсни и базени за капење и на фонтаните, како и да не создаваат бари, односно застоени води во своите дворови.

Дополнително граѓаните можат да се заштитат со користење на средства против комарци, а при престој во природа да носат светла облека и лесно да забележат комарец на себе.

Зголемувањето на бројот на азиските тигрести комарци во неколку градови во Република Македонија е утврдено во рамки на програмата за откривање на векторите на Агенцијата за храна и ветеринарство. Според директорот Зоран Атанасов, Агенцијата врши мапирање на целата територија на Република Македонија со цел да се утврди на кои и на колку локации е присутен овој вид на комарец.

„Мамките се поставени на територија на Источна Македонија. Сега продолжуваме да ги поставуваме мамките и во другите делови од Македонија, за да добиеме целосна слика. Мапирањето е направено во периодот од март до септември оваа година. Од резултатите од терен, Агенцијата утврди дека нема опасност од ширење на одредени вируси и кај животните “, рече Атанасов.

Според информациите на Агенцијата за храна и ветеринарство присуството на Азиски тигрест комарец во Република Македонија за прв пат е утврдено во 2016-та година во регионот на Богданци. Годинава, како што рече директорот на Агенцијата, Атанасов овој вид комарец е присутен и во Дојран и во неколку скопски општини.

„Формирана е превентивна работна група која ја сочинуваме јас лично и министерот за здравство, Венко Филипче и на секојдневна база ги разменуваме информациите коишто се надевам дека во иднина нема да бидат негативни, бидејќи и сега е докажано дека не постојат такви болести во Македонија“, додаде Атанасов.

Дополнително Владата на Република Македонија ќе формира мониторинг тело, коешто секојдневно ќе ја следи состојбата со азискиот тигрест комарец во земјата.

Инаку азискиот тигрест комарец е присутен и во соседните и во земјите од регионот, односно во Грција, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и во Хрватска. Овој вид на комарец го има и во останатите европски земји, Германија, Италија, Романија, Унгарија.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Уништени 50 килограми небезбедна храна во Крива Паланка

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски