(ВИДЕО) Стоилковски: Власта ја преполнува администрацијата, иако велеа дека е преполна и преобемна

Од:

„Власта ја преполнува администрацијата, а велеа дека е преполна, преобемна и преинертна!? И тоа сега кога власта се погласно повикува на избори!?

Додека СДСM спротивно на волјата на граѓаните на сила турка евтаназија на Уставното име на Република Македонија и на македонскиот идентитет, власта турка и еден огромен политичко економски парадокс! Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување добија повеќе пари со најновиот предложен ребаланс на буџетот. Со тоа од една страна има тивко признание дека Буџетот на Република Македонија колабирал и дека нема пари за пензии, плати и придонеси за државните и јавни службеници, а во исто време секој ден се објавуваат стотици огласи за нови вработувања во администрацијата!“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе прочитам дел од огласите:

Сектор за Шумска полиција (45 работни места);
Царинска управа на Република Македонија низ цела Македонија (58 работни места);
Дирекција за технолошки индустриски развојни зони (24 работни места), а денеска дополнето со уште две нови позиции;
Институт за јавно здравје (25 работни места);
Централен регистар (20 работни места);
АВРМ (8 работни места);
Министерство за правда (8 работни места);

Како и во следните институции за каде што се распишани огласи: Министерство за економија, Државен инспекторат за транспорт, Министерство за одбрана на Република Македонија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Управа за хидрометеоролошки работи, Инспекциски совет, Дирекција за заштита на личните податоци, МИОА, Дирекција за безбедност на класифицирани информации, Националната галерија на Македонија.

Министерот Тевдовски би требало барем еднаш да се одважи и да соопшти на граѓаните:

Како е можно да нема пари за пензии, а да има пари за лубриканти, апетисани и презервативи?

Како е можно да нема пари за плати и придонеси за административните службеници, а да се распишуваат огласи за нови вработувања во администрацијата?

Како е можно до пред еден месец Буџетот да е во добра кондиција и наеднаш да колабира и да не може да ги сервисира основните обврски?

Дали навистина СДСМ смета дека ќе го подобри рејтингот пред избори, со уништена економија, прикриена со партиски вработувања?

Знаеме дека е безполезно да повикуваме да ги почитуваат Уставот и законите, или барем да се држат до она што го велеа – преполна инертна администрација. Наместо да сопре занесот на самоволие и беззаконие, очајнички се исцедува секој денар од Буџетот, продолжуваат задолжувањата, за сега да се допартизира администрацијата на СДСМ.

Наскоро граѓаните ќе ја испратат оваа криминална власт за една намена во историјата каде ќе останат како спомен за најнеспособна, најрасипничка и најненародна власт со една единствена цел! Република Македонија победи на референдумот, Република Македонија ќе ја испрати оваа криминална власт во историјата!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ