Единствена Македонија до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Не им било лесно и на Делчев, Груев, Карев, Питу Гули, Кузман, Ченто, издржете

Од:

„Единствена Македонија силно верува дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги издржат силните притисоци за да гласаат за уставните измени со што се отвора патот за бришење на се што е македонско.

Ова од причина што, борбата против марионетската власт во Скопје и нивните странски газди е исправна, ова не е битка за власт, поединци или лидери, сите ние сме небитни, ова е битка за Македонците, битка за Македонија, борба за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија мора да победи.

Впрочем, можел Карев да не се нафати да биде претседател на Крушевската република, можел Питу Гули да не оди на Мечкин Камен, Кузман не морал да ги инспирира партизаните со ВМРО и Илинденците, можел и Ченто да си седи мирен и да ги слуша наредбите од Белград, Делчев и Груев можеле да бидат само учители а не идеолози и револуционери. Ама така ќе ја немаше Македонија.

Единствена Македонија ги повикува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да издржат, дотолку повеќе, паѓањето на марионетската власт во Скопје е на повидок. Можат да се закануваат, но, да не дозволиме да ни го скршат духот, оти ако ни го убијат духот ќе ни го убијат и името. Борбата не е лесна, но немаме друт пат.

Една од првите задачаи на новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе биде целосна рехабилитација на сите репресирани и изложени на било какви притисоци од ненародната власт, а сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче