ВИДЕО: Аџиев час и половина беше не распит во СЈО, по излегувањето побара од новинарите да не го снимаат

Од:

По час и половина распит во Специјалното Јавно Обвинителство излезе експретседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев.

Тој на своето излегување од зградата на СЈО, на новинарите им рече да не го снимаат а на новинарско прашање дали му нарачувале лустрација кратко одговори „не, не…“.

Експретседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, засега нема информација во кое својство беше повикан на распит.

СЈО во 2017 година отвори истрага наречена „Моќник“ за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски за незаконска продажба на објект во Македонски Брод на неговиот татко. Истрагата се води против 13 лица, поради сомневање дека му нанеле штета на државниот буџет од околу 50 000 евра. Истрагата на СЈО за „Моќник“ во еден дел е за нарачаната лустрација кај тогашниот состав на Лустрациската комисија, предводена од Томе Аџиев, на кичевскиот судија Драган Билески. Комисијата ја поништи одлуката од 2010 година за судијата Билески и донесе нова одлука дека тој бил кодош.

Прислушуваните разговори што се водат помеѓу Томе Аџиев, претседател на Лустрациска, и пратеникот Антонио Милошоски откриваат договор за лустрирање на Драган Билески, судија од Основниот суд во Кичево. Постапката ја иницирал Антонио Милошоски, кој го известил Аџиев дека ќе најдат некое лице, како трето лице заинтересирано, што ќе поднесе барање, а Аџиев ветува дека ќе го средат судијата.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов