(ВИДЕО) Данев до Заев: Ја ценам подадената рака за национално помирување, но нема да гласам за уставните измени

Од:

Ја ценам вашата подадена рака за национално помирување, но како пратеник кој дал заклетва дека ќе го штити уставот немам можност ни волја да гласам за уставни измени, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев на седницата на Собранието за уставните измени.

– Не сакам никој од овој процес да излезе како предавник или патриот но треба да се почитува волјата на граѓаните, референдумот не беше успешен, рече Данев.

Тој ѝ замери на владата што ова прашање одлучила да го решава сама.

– Ја прифаќаме критиката дека сме можеле за десет години ние да го решиме. Но, пред да се потпише Договорот зошто не баравте консензус? порача координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Тој кажа дека уште кога бил избран за пратеник бил убеден оти 120 луѓе не може да одлучуваат во име на 2 милиони граѓани.

– Какво и да е решението знаев дека тоа мора да помине на референдум, а јас како пратеник да ја почитувам волјата на граѓаните. Уставот не препознава консултативен референдум. Одлуката на ДИК за референдумот е дека не е усвоена одлуката бидејќи нема цензус, додаде Данев.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија