Комисијата за демократско партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД: Време е да се потврди волјата на гласачите

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев прими писмо од Комисијата за демократско партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, (House Democracy Partnership) потпишано од Питер Роскам, претседавач од Републиканската партија и Дејвид Прајс, заменик претседавач од Демократската партија, во име на 20 конгресмени, Републиканци и Демократи.

Комисијата за демократско партнерство е постојано тело на Претставничкиот дом при Конгресот на САД, кој го сочинуваат 20 американски конгресмени од двете најголеми партии – Републиканската и Демократската.

Конгресмените од Комисијата за демократско партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, чиј мандат е да соработува со земјите партнери на САД за развој на ефикасни и одговорни институции, во писмото до премиерот Заев и до Владата изразуваат честитки за големото мнозинство гласови „ЗА“ на референдумот и нагласуваат дека американскиот Конгрес останува цврсто со граѓаните на Република Македонија во нивните аспирации за членство во НАТО и ЕУ.

Во писмото на Комисијата за демократско партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД се упатува охрабрување за пристапување кон уставните измени кои се неопходни за спроведувањето на Договорот од Преспа и „покрај предизвиците после референдумот меѓу кои и отворените и прикриените руски напори да го поткопаат Договорот”.

„Демократијата не е само одржување на слободни и фер избори, туку она што се случува меѓу два изборни циклуса. Сега е време светот да ја види енергијата на демократијата во Македонија, преку потврдување на волјата на гласачите за нивно поврзување со Западниот свет“, се вели во писмото на Комисијата за демократско партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД.

Американските конгресмени во писмото до премиерот Заев нагласуваат дека спорот за името со Грција предолго стоеше на патот на евро-атлантските интеграции кои значат придобивки за македонските граѓани, и дека е време да се стават ваквите спорови настрана, преку заложување за конечен напредок.

Потписниците на писмото истакнуваат дека Конгресот на САД останува и понатаму посветен на билатералните односи меѓу двете земји и инспириран од демократскиот пат по кој одат граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Иран во пламен: Повеќе од 50 мртви, Револуционерната гарда се заканува со „крвава одмазда“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Авионoт на судниот ден“ снимен над Лос Анџелес, досега е активиран само еднаш

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

Ескалација во реториката: Москва со закани по нападот врз руски танкер

Карлсон со остра оценка: САД се трансформираат во империја

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Агент на ICE уби жена во Минеаполис

Горан Наумовски