Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер верува дека Монако ја направи вистинската работа со назначување на Тиери Анри на тренерската позиција.
Венгер во минатото работеше со Анри во Арсенал.
– Анри е добар избор за Монако. Тој заслужил таква доверба. Анри е многу паметен, добро го разбира фудбалот. Затоа, има се за да успее. Но, на почетокот секогаш треба малку среќа. Тој треба правилно да ја согледа околината и да жртвува нешто. Треба да се откаже од слободното време, изјави Венгер.
Монако вчера и официјално го назначи Анри за нов шеф на стручниот штаб.