Легендарниот француски фудбалер, Тиери Анри, му се заблагодари на Монако за довербата да биде назначен за шеф на стручниот штаб.
Работата со Монако ќе биде првото независно тренерско искуство за Анри, кој претходно беше асистент на Роберто Мартинез во белгискиот национален тим.
– Благодарен сум на Монако што ми даде можност да го предводам тимот, што за мене посебен. Многу сум задоволен што се вратив во Монако и сум поставен за да ги решам задачите со кои се соочува тимот. Не можам да дочекам да се сретнам со играчите за да почнам да работам заедно, изјави Анри з аклупската страна на тимот оф Кнежеството.
Французинот на клупата на поранешниот шампион во Лига 1 доаѓа на местото на Леонардо Жардим кој доби отказ поради слаби резултати.
Монако се наоѓа на 18. позиција во Француското фудбалско првенство со само шест бода по девет реунди.