Израелската војска денеска уби шестмина Палестинци за време на демонстрации на границата на Појасот Газа и Израел, додека околу 50 се ранети, соопшти Регионалното Министерство за здравство на Газа.
На протестот учествувале околу 14 илјади Палестинци, кои фрлале експлозивни направи и палеле гуми, пренесе „Тајмс оф Израел“.
Израелската војска возвратила со солзавец и огнено оружје.
Хамас, кој го контролира Појасот Газа, од март организира протести секој петок на границата со Израел, со цел да изврши притисок и да доведе до укинување на израелско-египетската блокада воведена во 2007 година, кога Хамас насилно ја презема Газа.
Од март до денеска на тие протести се убиени најмалку 150 Палестинци.