Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Ронадло не можеше ниту да претпостави дека во својата татковина навивачите може да го провоцираат со извиците, „Меси, Меси“.
Пред да влезе во хотелот во Гимараеш, каде што селекцијата на Португалија во среда ќе настапи против Еквадор, еден навивач се обиде да го испровоцира со извикувањето на името на Лионел Меси, кој важи за еден од најголемите „ривали“ но Португалецот. Покрај се Роналдо успеа да остане смирен.
– Играм за репрезентацијата десет години и еден ваков изолиран инцидент, нема да го расипе сето тоа. За мене е чест што го носам овој дрес и кога сум тука се чуствувам како да сум со моето семејство, изјави португалскиот репрезентативец.