Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, по повод денешниот празник 11 октомври-Денот на народното востание упати честитка до граѓаните на Република Македонија.
„Почитувани граѓани, во свое и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ви го честитам 11 октомври – Денот на народното востание.
На 11 октомври 1941 година нашите предци ја започнаа битката за слобода а подоцна, преку АСНОМ ги поставија и темелите на македонската државност.
Низ антифашистичката борба Македонија и нејзините граѓани од различни верска и етничка припадност дадоа свој придонес во победата над фашизмот.
Со својата храброст и одлучност, борците во антифашистичката борба ни го покажаа патот кон слобода, еднаквост и напредок.
Заложбата на нашите предци за слобода и независност, денес е е заложба на сегашните генерации за интеграција во ЕУ и НАТО, за рамноправност со демократскиот и развиен свет, онаму кадешто вистински и вредносно припаѓаме.
Денес, горди на нашето минато, со одлучност тргнуваме кон иднината, да ги реализираме децениските заложби за слободна демократска и развиена држава – партнер на регионот и светот.
Македонија заслужува и Македонија ќе биде дел од најмоќните светски сојузи – ЕУ и НАТО.
Нека ни е честит и нека ни е за многу години 11 октомври Денот на востанието на Македонија“