Адвокатот на Роналдо: Документите против него се фабрикувани

Од:
Адвокатот на Кристијано Роналдо – Питер Кристијансен, ги негира обвинувањата против фудбалерот за силување на Американката Кетрин Мајорга во Лас Вегас во 2009 година.

Во соопштението се вели дека документите, кои наводно вклучуваат признанија на Роналдо за актот, се комплетна измислица.

Според претставникот на фудбалерот, во 2015 година многу компании во Европа, вклучувајќи и правни, биле нападнати од хакер кој ги украл нивните електронски податоци. Тој се обидел да ги продаде овие информации, откако еден медиум („Дер Шпигел“) објавил некои од украдените документи, „големи делови од кои биле изменети и / или целосно фабрикувани“.
Се посочува дека Роналдо останува зад неговата позиција дека она што се случило во Лас Вегас во 2009 година е резултат на заеднички договор.
– Кристијано Роналдо не негира дека се согласил за договор, но причините што довеле до него, се во најмала рака искривени. Договорот во никој случај не е признание за вина. Она што се случило е дека Кристијано Роналдо ги следел советите на неговите советници, за да стави крај на неквалификуваните обвинувања на негова адреса и да избегне обиди како оној на кој сме сведоци, чија цел е да го уништи угледот, изграден врз многу работа, спортски квалитети и правилен став, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски