Лев контра Клоп: Лигата на нации е добар проект

Од:

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев има спротивни ставови од својот сонародник и тренер на Ливерпул, Јирген Клоп кој рече дека Лигата на нации е бесмислено натпреварување.

– За мене како селектор, Лигата на нации е добар изум, бидејќи во овој турнир играме против најдобрите селекции. Ова е подобро од играње пријателски натпревари со тимови од мали земји, вели Лев.

Јасно е дека на некои тренери на клубовите не им се допаѓаат паузи за репрезентативни настапи, бидејќи голем број на играчи им се отсутни, додава предводникот на „панцирите“.

Лигата на нации е нов турнир за репрезентации, која има за цел да се подигне интересот за натпреварите и да се минимизира важноста на пријателските натпревари. Воедно УЕФА сака да го задржи и интересот кај навивачите и спонзорите. Преку овој турнир може да се обезбеди учество на Европското првенство 2020.

Турнирот е поделен на четири дивизии во согласност со рејтингот на репрезентациите што го имаат кај Европската фудбалска асоцијација.

Би можело да ве интересира

Англија ја совлада Ирска

Македонија против Фарските Острови: Реми и многу промашувања

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска